Европската централна банка нуди стажиња и можности за дипломирани студенти од областите економија, финансии, статистика, бизнис администрација, право, човечки ресурси, превод, итн.
Стажињата траат од три до дванаесет месеци. Работата вклучува истражување и подготовка на нацрти на извештаи, собирање на статистички податоци и учество во ad hoc студии, итн.
Стажистите добиваат месечна стипендија од 1.170 до 2.120 евра, во зависност од задачите и нивните квалификации.
Услови за кандидатите:
- студенти, вклучувајќи и докторанти, или неодамна дипломирани;
- да имаат најмалку 18 години и течно да зборуваат англиски и уште еден официјален јазик на ЕУ;
- да бидат државјани на држава-членка на ЕУ или на држава во процес на пристапување;
- да имаат завршено најмалку прво ниво на образование (диплома од прв циклус);
- да имаат најмногу 12 месеци работно искуство;
- да не биле стажисти повеќе од 6 месеци;
- да не биле стажисти во ЕЦБ или да не работеле за ЕЦБ.
Слободните работни места се објавуваат тука.
Opportunity offered by: European Central Bank